Десетици илјади луѓе се собраа денеска на плоштадите во сириските градови за да
го прослават падот
на Башар ал Асад, кој беше соборен во молскавична офанзива од сириските бунтовници и џихадисти.
Офанзивата траеше помалку од 10 дена, а во неа бунтовничките и исламистичките сили ја освоија територијата од северната провинција Идлиб, преку големите градови Алепо, Хама и Хомс, сè до главниот град Дамаск.
Самиот Башар побегнал со помош на руски агенти кога бунтовниците влегле во Дамаск и сега е во Москва.
Водачот на Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС),
Абу Мохамед ал Џолани (Ахмед ал-Шара) ги повика Сиријците да излезат на улиците за да ја прослават
„победата на револуцијата“, според новинската агенција АФП.