Лидер на Хамас убиен во Газа

Медиумите поврзани со Хамас јавија дека шефот на безбедносните сили на Хамас е убиен во Газа, пренесе Би-Би-Си.

Се наведува дека загинале и членови на семејството на Џехад Мхајсен.

Вдовицата на ко-основачот на Хамас, Абдел Азиз ал-Рантиси, исто така, наводно била убиена во текот на изминатата ноќ.

Тие се последните високи членови на Хамас кои загинаа во она што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го опиша како „долга војна што неговата земја ја води против Хамас“.

On Wednesday, the AFP news agency reported that Jamila Al-Shantee, the first woman elected to Hamas’s political leadership had been killed in an Israeli strike.

Некои светски агенции вчера јавија дека Џамила Ал-Шанти, првата жена избрана во политичкото раководство на Хамас, била убиена во израелски напад.

Претходно оваа недела, израелските одбранбени сили објавија на X, дека Ајман Нофал, опишан како „висок функционер на Хамас“, исто така бил убиен.