Познатата српска актерка Лидија Вукиќевиќ (61) често привлекува внимание со провокативните изданија и секси фотографии.
Српската актерка изгледа подобро од било кога, а неодамна ги ,,запали” социјалните мрежи со фотографии во црвен, исклучително тесен фустан кој ја следеше линијата на нејзиното тело, а под кој се гледаше секси градник.
Сега на социјалните мрежи објави фотографија на која ја гледаме во кревет, а во преден план беа нејзините голи нозе.
,,Спиј убаво“, рече Лидија заедно со песната што ја слушаше.
Лидија доби многу комплименти, а нема сомнеж дека уживаше додека ги читаше.
„Нереално“, „Каква жена“, „Преубава“, „Изгледаш неверојатно“, „Блескаш“, се само некои од нив.
Актерката неодамна откри дека воопшто нема никаков проблем да биде во врска со многу помлад партнер, за што долго време на големо се зборува.
„Годините не значат ништо, бесмислено е да се гледа на нив. Немам математика во емоциите, немам во ништо затоа што тоа е природна наука, знаете што е важно, сè друго нема пресметка. Останатото е чиста емоција и средба на две срца. Важно е да препознаете дека можете да продолжите со некого, да седите и да молчите, да едвај чекате да видите некого, а сè друго e навика и досада. Подобро да бидам сама отколку во тakва врска“, изјави тогаш Лидија.