Лидија Ломиковска (98), која побегна од територијата окупирана од Русија во Украина со помош на бастун за да избега речиси 10 километри во влечки, повторно се обедини со своето семејство откако тие беа разделени додека побегнаа на безбедно.
Лидија и нејзиното семејство одлучија да го напуштат градот Очеретин, во источниот регион на Доњецк, откако руските трупи влегоа во него минатата недела и борбите се интензивираа.
Русите напредуваа во областа, удирајќи ги исцрпените украински сили со муниција и артилерија, беспилотни летала и бомби.
– Се разбудив опкружена со пукотници, беше толку страшно – изјави Ломиковска во видео интервјуто што го објави полицијата во Доњецк.
Во хаосот на заминувањето, Ломиковска беше одвоена од синот и двете снаи, меѓу кои и едната која неколку дена претходно беше повредена. Помладите членови на семејството тргнале по споредните патишта, но Лидија сакала да остане на главниот пат.
Со стап во едната рака и парче дрво во другата, Ломиковска цел ден пешачеше во влечки без храна и вода за да стигне до украинските линии.
Ломиковска рече дека паднала двапати и морала да застане за да се одмори, па дури и дремела во еден момент пред да го продолжи патувањето.
– Еднаш изгубив рамнотежа и паднав во тревата… Заспав малку и продолжив да чекорам. И тогаш, по вторпат, пак, паднав. Но, тогаш станав и помислив, морам да одам, малку по малку – рече Ломиковска.
Павло Дјаченко, портпарол на полицијата, изјави дека украинските војници ја забележале Ломиковски како оди по патот во вечерните часови. Тие ја предале на Белите ангели, полициска група која ги евакуира граѓаните кои живеат на линијата на фронтот, кои ја однеле во засолниште за евакуирани лица и контактирале со нејзините роднини.
Ломиковска рече дека ја преживеала Втората светска војна.
– И јас морав да ја поминам оваа војна и на крајот останав без ништо. Таа војна не беше како оваа. Ја видов таа војна. Ниту една куќа не изгоре. Но, сега сè гори – рече таа.
Извршниот директор на една од најголемите украински банки во вторникот на својот канал Телеграм објави дека банката ќе купи куќа за Ломиковска.
– Монобанк ќе и’ купи куќа на Лидија и таа сигурно ќе живее во неа до моментот кога оваа гнаса не исчезне од нашата земја – изјави Олех Хороховски.