Компанијата Лидл Србија ги извести потрошувачите дека повлекува од продавниците брашно ,,Со љубов домашно пченкарно брашно бело 500 грама” произведено од Итрепак 2015 д.о.о.
Во ова брашно откриено било покачено ниво на микотоксин афлатоксин, кој ако се конзумира подолг временски период може да биде штетно по здравјето на луѓето, пишува на сајтот на Лидл.
Лидл им препорача на потрошувачите кои го купиле овој производ со рок на употреба до 1 април 2024 година, да го вратат во продавниците и рефундирањето ќе биде завршено и ако не ја чуваат фискалната сметка