Лилард против Хјустон постигна 71 поен

 Кошаркарот на Портланд блејзерс, Демијан Лилард постигна 71 поен на натпреварот против Хјустон (131:114) одигран рано утрово.

Триесет и двегодишниот играч го повтори сезонскиот и постави личен рекорд. Лилард погоди 22 шутеви од 38 обиди, вклучувајќи 13 тројки од 22 обида. Исто така реализираше 14 од 14 слободни фрлања.

Овој резултат – 71 поен на Лилард е шести најмногу во историјата на НБА. Повеќе од него постигнале Дејвид Томпсон, Коби Брајант и Вилт Чембрлен.

На почетокот на оваа сезона, членот на Кливленд кавалирс, Донован Мичел постигна 71 поен.