Лила Филиповска се појави на Саемот за венчавки по исповедта за борбата со ракот (ФОТО)

Македонската водителка Лила Филиповска го имаше своето прво јавно појавување по емотивната исповед за нејзината борба со најтешката болест – ракот.

Имено, таа вчера присуствуваше на отворањето на годинашното 11. издание на Саемот на венчавки во хотелот Александар Палас.

„Што и да се случува, јас секогаш сјајам. Овој пат на Саемот на венчавки“, напиша Лила на Инстаграм.

Нејзина придружба ѝ беше телевизискиот водител Спасе Јовановски, кој ѝ еден од најблиските пријатели.

„И како што реков, од денес го славиме само животот!“, напиша тој на Инстаграм.

Како потсетување, Лила Филиповска даде ексклузивно интервју за списанието „Убавина и здравје“, во кое отворено проговори за еден од најтешките периоди во животот.

„Канцерот ми го смени животот но не и мојата вредност. Првпат зборувам за мојата борба со канцерот, но не да ве траоризирам, туку да ви кажам дека го победив тоа зло после година и кусур борба и дека сум тука да помогнам некому заедно да го победиме. Не заборавајте канцерот не е непобедлив! Јас сум доказ!“, напиша водителката на Инстаграм, споделувајќи ја насловната на магазинот „Убавина и здравје“.