Движењето Беса денеска ги објави своите кандидати за министер за економија и социјална политика.
„Собранието на Движењето Беса одлучи Фатмир Лимани да е кандидат за министер за социјална политика, демографија и млади, Бесар Дурмиши за министер за економија и труд, додека Седат Сулејмани е кандидат за заменик министер за култура и туризам. се вели во соопштението на Движењето Беса.
Оттаму потенцираат и дека Собранието на Движењето БЕСА едногласно заклучило дека, без компромис, претставниците на партијата во Собранието и во извршната власт ќе се посветат на трите најприоритетни точки од владината програма: борбата против криминалот и корупцијата. остварувањето на условите за интеграција на земјата во Европската унија и економскиот развој на земјата.
Претставникот за новата влада, Христијан Мицкоски, претходно најави дека во вторник до Собранието ќе ги достави имињата на владиниот состав.