Лимани: Најмалку четири пратеници од Европскиот фронт ќе преминат во владејачкото мнозинство

Министерот за социјална политика и член на ВЛЕН, Фатмир Лимани вели дека легитимитетот на коалицијата чиј е дел, лежи на принципите дека изборниот процес е демократски. Негов впечаток е дека во минатите изборни кампањи, гласовите биле поткупени и биле добиени преку разни притисоци.

Не знам дали со овие механизми, можат да се повикуваат на легитимитет. Начелно, грешка се ако мислат дека дел од пратениците на Алијанса за Албанците би преминале во редовите на Европскиот фронт бидејќи дел од нив ќе останат со Владата. Најмалку четири пратеници од нивните редови ќе преминат во делот на владеачкото мнозинство. Секој пратеник кој мисли треба да се вратиме на вредностите на семејството, да ни дадат можност овие четири години да се обидуваме да ги повратиме вредностите и да бидеме на браникот да не ни ги избркаат младите кои веќе 25 години живеат надвор од земјава и таму создаваат семејства, рече денеска Лимани на прес-конференцијата со турскиот амбасадор Фатих Улусој.

Министерот посакува оваа Влада да продолжи со своето функционирање без пречки.