Иако се вели дека лимоните се една од најздравите намирници, лекарите нагласуваат дека мора да бидете внимателни со нивното консумирање.
Лимонот е едно од најздравите овошја кое често се користи во исхраната поради неговото богатство со витамин Ц и други корисни состојки.
Освен освежителниот вкус, лимонот се користи во приготвување на многу јадења и пијалоци, а помага и за зајакнување на имунитетот, подобрување на варењето и детоксикација на организмот.
Сепак, лимоните не се за секого.
Луѓето со чувствителен стомак, како што се оние кои страдаат од гастритис, пептичен улкус или рефлукс, треба да избегнуваат прекумерна потрошувачка на лимони.
Киселините од лимонот можат да ја иритираат слузницата на желудникот и хранопроводникот, предизвикувајќи непријатност и влошување на постоечките здравствени проблеми.
Исто така, лимонот може да предизвика алергиски реакции кај некои луѓе.
Доколку сте склони кон алергии, обрнете внимание на каква било иритација или осип на кожата по конзумирање на лимон.
Иако лимоните се преполни со корисни хранливи материи, како и секоја храна, важно е да ги консумирате умерено и да ги земете предвид вашите специфични здравствени потреби.
Ако не сте сигурни дали лимонот е погоден за вашето тело, консултирајте се со вашиот лекар.