Покрај лимонот и водата, клучна состојка е и активниот јаглен. Овој напиток го детоксицира, освежува и чисти телото, го регулира варењето и има впивачки својства, поради што ги отстранува штетните материи и токсини од телото.
Кога сакате да ја вратите силата и енергијата, првиот чекор е да го детоксицирате телото за да ги исфрлите насобраните токсини и да му дозволите на телото да работи непречено, а во овој случај ќе почувствувате олеснување.
Се работи за лимонада, но не и обична лимонада. Лимонадата е омилен пијалок на многумина, освежителна е и многу вкусна, но кога ќе и додадете активен јаглен, добивате совршен напиток за оживување на целиот организам.
Токму поради активниот јаглерод овој пијалок има црна боја, а вкусот останува непроменет. Црната лимонада ќе го исчисти телото од токсини, ќе го исчисти црниот дроб и ќе го намали холестеролот. Помага при надуеност, гасови и аерофагија (несвесно голтање воздух додека јадете), како и кај проблеми со кожата.
Ја регулира работата на дигестивниот тракт, а со тоа го забрзува метаболизмот, што доведува и до губење на тежината. Активниот јаглен се добива со деструктивна дестилација на материјали од различни растенија и кора од кокос и има впивачки својства, поради што ги отстранува штетните материи и токсините од телото.
За подготовка ви треба:
- сок од половина лимон или лимета
- чаша минерална или кокосова вода
- половина кафена лажичка активен јаглен
Во водата додадете сок од лимон и прав од активен јаглен. Добро измешајте и напитокот е готов. Пијалокот се пие еднаш неделно и не почесто од тоа.
Забелешка: Оваа лимонада може да го намали ефектот на лековите. Затоа, доколку земате некои лекови, треба да внимавате на двочасовниот интервал помеѓу земањето на лекот и пиењето црна лимонада.