Познатиот аргентински фудбалер Лионел Меси во опширното интервју кое неодамна го даде за угледниот ESPN откри на кој потег во кариерата воопшто не се гордее.
Лионел Меси за време на Светското првенство во Катар предизвика крајно бурни реакции во фудбалската јавност со својата контроверзна прослава на гол против Холандија во нокаут фазата од натпреварувањето.
Со сосема непотребен и неочекуван гест фрли сенка на одлична забава и предизвика многу негативни коментари.
По голот се исмеваше со познатиот тренер Луј Ван Гал и горко жали за тоа.
„Направив ‘Топо Џиџо‘ (ги ставив рацете на уши) и веднаш се покајав. Штом го направив, си помислив – каков идиот сум“, признава Лионел Меси.
Да потсетиме, неговиот гест беше насочен против тренерот Луј Ван Гал кој пред натпреварот на некој начин го прозва познатиот фудбалер.
Неговите зборови на Аргентинецот не му се допаднаа, па реши да му се одмазди на искусниот стручњак, но сега се кае за своето однесување.
Инаку, провокацијата за малку ќе го удреше по глава. Да потсетиме, Холандија во последните минути од регуларниот дел постигна два гола и дојдоа до продолжение, а Аргентинците по подоброто изведување пенали успеаја да се пласираат во следната рунда од натпреварувањето.