Дресовите што ги носеше аргентинскиот фудбалер Лионел Меси на Светското првенство во Катар во 2022 година се проценети на десет милиони долари и ќе бидат понудени на аукција во декември.
На аукцијата ќе се најдат дресови што ги носеше капитенот на светските шампиони на натпреварите против Саудиска Арабија, Мексико, Австралија, Холандија, Хрватска и во финалето против Франција.
Доколку се реализира проценката од 10 милиони, аукцијата би можела да го загрози рекордот за најскапиот спортски дрес некогаш продаден.
Досега рекордот го држи дресот на кошаркарската легенда Мајкл Џордан, носен за време на финалето на НБА во 1998 година, а минатата година беше продаден за 10,1 милиони долари.
Дел од приходите од продажбата ќе бидат донирани за проектот UNICAS, иницијатива на болницата во Барселона специјализирана за ретки детски болести.