Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, разочара милиони навивачи на Барселона.
Откако го напушти каталонскиот клуб во летото 2021 година и стана играч на Пари Сен Жермен, се зборуваше за негово враќање во Барселона.
Но, како што стојат работите, фудбалерот кој неодамна ја освои осмата Златна топка во кариерата, повеќе нема да го носи дресот на Барселона.
„Можев да се вратам во Барселона минатото лето, но тоа не се случи. Беше слично како во 2021 година кога заминав. Размислував да се вратам во Барселона, мојот живот е таму, крај на кариерата на ‘Камп Ноу‘ е она што отсекогаш го посакував, но тоа не беше можно“, изјавил Лионел Меси во интервју за L’Équipé.
„Имав многу понуди на маса оваа година меѓу кои бројни европски клубови и оние од Саудиска Арабија. Решивме да дојдеме во Мајами и среќни сме поради таа одлука. Се чувствуваме добро“, вели Лионел Меси.
Неодамна се зборуваше дека, како и Тиери Анри и неговото краткотрајно заминување од Лос Анџелес Галакси во Арсенал, Лионел Меси би можел да биде позајмен во Барселона за време на претсезонската пауза во САД.
„Не, нема ништо од тоа. Нема прашање навистина“, нагласил Аргентинецот.