Возачите кои „летаат“ по македонските патишта се призејмуваат во станица. Полицијата ги чисти автопатите и улиците од „брзи“ возачи, кои завршуваат со лициси на рацете.
Се приведуваат по 10– тина тркачи речиси секојдневно за безобѕирно возење и управување автомобил. Дополнително по 100-тици казни се пишуваат за 24 часа на територија на Македонија за прекорачена брзина.
Пред две недели, во една вечер беа уапсени седуммина затоа што возеле над 190 км/ч на автопатот Скопје-Тетово-Гостивар, а дозволено е 100 км/ч. На истата делница од почетокот на мај, најмалку за 10 возачи полицијата поднесе кривични пријави за прекорачена брзина.
И не само за пребрзо возење, во станица завршуваат и оние кои грубо ги прекршуваат сообраќајните правила и прописи, а не ретко се одземаат и возилата. Без своите коли остануваат и тие кои создаваат голема буџава по градските улици, а пред еден месец полицијата одзеде 10 автомобили кои се тркале во главниот град.
Брзото возење најчесто е причина за сообрајќните незгоди во кои се губи највредното – човечкиот живот.
Од почетокот на годинава, само во главниот град, биле уаспени 13 лица кои предизвикале сообраќајки.
„Во перодот од 01.01.2025 година до 06.05.2025 година на подрачјето на Град Скопје при случени сообраќајни незгоди, лишени лица од слобода по наредба од дежурен ЈО и задржани во ПС за понатамошна постапка се 13 лица“ велат од МВР.
Од сообраќај се исклучуваат и тие со алкохол во крвта. Секоја вечер во полиција се трезнат оние кои пијани седнуваат зад волан, што законот строго не го дозволува.
„На 05.05.2025 во 17.35 часот на улица „Елена Ѓика“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода С.М.(51) од дебарското село Могорче. При сообраќајна контрола полициските службеници сопреле патнички автомобил „форд“ со дебарски регистарски ознаким кое го управувал и од преземени мерки и извршено алкотестирање било констатирано дека возилото го управува со 2,41 промили алкохол во крвта. Тој бил исклучен од сообраќај, одземени му се возачките документи и поднесен му е соодветен платен налог“ стои во денешниот билтен на МВР.
На годишно ниво полицијците само во главниот град пишуваат над 60 илјади казни. Најчесто се за пребрзо возење или под дејство на алкохол. По градските улици има многу казни и за непрописно паркирање.