Познатиот магазин „TimeOut“ истражуваше и ги пронајде најевтините скијачки центри, вклучувајќи ги и дестинациите во Централна и Источна Европа како Австрија, Словачка, Бугарија и Словенија. Меѓу поевтините има неколку места со доста поволни цени во Италија, а најевтиното е во нашето соседство.
Магазинот TimeOut состави листа на најприфатливи скијачки центри во Европа, а на прво место се најде Бјелашница, поточно Бабин До, ски-центар над Сараево.
Иако многумина го поврзуваат скијањето со луксузни одморалишта на Алпите, Пиринеите и Доломитите, има и попристапни опции во Европа. TimeOut ги истражуваше најевтините дестинации во Централна и Источна Европа, вклучувајќи ги Австрија, Словачка, Бугарија, Словенија и Италија, пренесува TU Magazine.
Бјелашница, познат како домаќин на Зимските олимписки игри во 1984 година , нуди 14,3 километри падини за почетници и искусни скијачи, а цените се толку достапни што ски-центарот е на листата на најевтините зимски дестинации во светот.
Покрај Бјелашница, на листата на најприфатливи скијачки центри во Европа се:
1. Боровец (Бугарија)
2. Фогел-Бохињ (Словенија)
3. Аринсал (Андора)
4. Сан Вито ди Кадоре (Италија)
5. Ливињо (Италија)
6. Лес Менуирес (Франција) 7.
Јасна Низке Татри (Словачка .