Вработувањето на лица со аутизам е речиси невозможно во државните институции, бидејќи тие не се вклучени во Законот за вработување на лица со попреченост.
Заменик народниот правобранител, Васка Бајрамовска Мустафа рече дека веќе побарале од Владата да ја испита оваа законска празнина и да интервенира согласно законските измени за овие лица да го остварат своето право на еднаквост со другите.
Бајрамовска-Мустафа рече и дека лицата со попреченост и понатаму се соочуваат со проблеми во образованието, немање асистенти, поплаки за малтретирање и дискриминација од речиси секој аспект.