Поради сличноста со Мајкл Џексон, Фабио (28) има над 11 милиони следбеници на социјалните мрежи, а неговиот изглед шокира многумина.
Легендарниот музичар почина на 25 јуни 2009 година, а овој Тик Токер ја збунува јавноста со нови фотографии.
– Како да оживеа МЈ, што е ова?; Премногу морничаво; Синот на Мајкл?; Неверојатно – коментираат под видеата кои ги објавува, а тој се претставува како Фабио Џексон.
Често објавува видеа во кои го имитира пејачот и неговата танцова кореографија.
Откако поединци го нападнаа дека направил пластична операција само за да личи на Мајкл, Фабио сподели фотографија од детството за да докаже дека отсекогаш бил таков.
Тој тврди дека неговата сличност со „кралот на попот“ е природна и е постигната со шминка, како што објави Дејли Мејл.
Тој вели дека има проблем со кожата, болест наречена витилиго (губење на пигмент), а истиот проблем го имал и Мајкл.