Треба и мора да очекуваме напредок на планот на воведување дигитален идентитет за граѓаните во мандатот на оваа влада – вели министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Андоновски го прашуваме – може ли 33-годишен човек (најмлад член на владата) да се носи со одговорноста на министер, колку му е позната областа „дигитална трансформација“ имајќи го предвид неговиот образовен и професионален бекграунд, колку е логично одвојувањето на дигитална трансформација од администрација и до каде е „раздружувањето“. Разговараме и за ветувањето за нови дигитални услуги за граѓаните и фирмите во првите сто дена и за плановите во делот на сајбер-безбедноста. Од политичките теми, го прашуваме – зошто на седницата на владата во петокот не беше усвоена реформската агенда од Планот за раст и зошто новата влада ја продолжува практиката на именување в.д. директори на јавните институции.