Личниот асистент на Метју Пери кој му инјектирал фатална доза кетамин се изјасни за виновен

Кенет Ивамаса, личниот асистент на Метју Пери, му ја инјектирал фаталната доза на кетамин што довела до неговата смрт, се вели во обвинението.

Министерството за правда објави дека Кенет се изјаснил за виновен. Пери почина на 28 октомври минатата година во када откако и беше инјектирана кетамин. Кенет се соочува со 15 години затвор.

Тој беше негов помошник од 1994 година. Властите исто така ги обвинија наводниот дилер Ерик Флеминг (54) и Јасвен Санга (41), за кој обвинителите велат дека бил познат во Лос Анџелес како „Кралица на кетаминот“.

Обвинети се и двајца лекари. Марк Чавез се изјасни за виновен по една точка за дистрибуција на кетамин. Тој продавал кетамин на друг лекар, Салвадор Пласенсија, кој бил обвинет за дистрибуција на кетамин и фалсификување документи.

Според обвинението, Ивамаса му дал на Пери најмалку 27 инјекции кетамин во последните пет дена од неговиот живот, вклучувајќи ги и последните три инјекции за кои обвинителите тврдат дека резултирале со неговата смрт.