Државниот секретар за одбрана на Соединетите Американски Држави (САД), Лојд Остин, изјави денеска, коментирајќи ги борбите меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, дека – „војната во урбани услови може да се добие само ако ги заштитите цивилите“.
Говорејќи на Националниот форум на Реган во Калифорнија, Лојд Остин го спореди конфликтот меѓу Израел и Хамас со американската воена кампања против Исламската Држава, за која кажа дека е длабоко вградена во урбаните области.
„Меѓународната коалиција против Исламската Држава работеше напорно за да ги заштити цивилите и да создаде хуманитарни коридори, дури и по тешките борби. Ако ги турнете цивилите во прегратките на непријателот, тактичката победа сте ја замениле со ужасен пораз“, вели тој.
Тој изјави дека лично ги охрабрил израелските водачи да избегнат цивилни жртви, и во Појасот Газа и на окупираниот Западен Брег, како и драматично да го прошират пристапот до хуманитарна помош.