– Министерот за правда Кренар Лога се сретна со вишиот директор на НДИ во земјава, Роберт Скот Хејзлет. На средбата се разговараше за процесот на изборна реформа и формирањето на работната група за оваа цел, соопшти денеска Министерството за правда.
Министерот Лога се заблагодари за соработката и помошта на НДИ која ќе продолжи и во наредниот период со цел унапредување и демократизација на изборниот процес во земјава.
– Лога го информираше Скот Хејзлет за посветеноста целиот процес да биде инклузивен, а решенијата да се носат со консензус, вклучувајќи ги забелешките и предлозите на политичките партии, експертите и невладините организации. Претставниците на НДИ беа информирани дека на ВМРО-ДПМНЕ им се дава можност да го предложат и претседавачот на работната група, се наведува во соопштението од Министерството за правда.