– Министерот за правда Кренар Лога денеска се сретна со шефот на Секретаријатот на РАИ – регионална антикорупциска иницијатива, Десислава Готскова со која разговараше за интензивирање на соработката, исполнетите обврски на Министерството за правда во РАИ, законската регулатива, соопштија од Министерството за правда.
Министерот Лога ги информираше претставниците на РАИ за тековните активности, процесот на дигитализација, интероперабилноста на правосудните институции, автоматската распределба на предметите.
РАИ, се наведува во соопштението од Министерството за правада, ги истакна областите на кои работат, приоритетите во идниот период како што се заштитата на укажувачи, конфискацијата, финансиските истраги, корупција во областа на безбедноста.
Соработката со институционалните мрежи ќе продолжи и во наредниот период.