Локалните избори ќе бидат распишани на крајот на јули или почетокот на август, најави претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши на денешната прес-конференција, пренесува Телеграф Македонија.
Тој информира дека во Собранието е побарана јавна расправа за измените на Законот за локална самоуправа, кои веќе извесно време ги најавува Министерството за локална самоуправа.
Гаши нагласи дека на наредната пленарна седница, која е закажана да се одржи на 29 април, се очекува да биде презентирана интерпелација за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, што ја презентира пратеничката група на „Левица“.
„Причината за интерпелацијата е тоа што Тошковски на функцијата министер за внатрешни работи грубо и несоодветно ја запоставил својата јавна функција, постапувајќи непрофесионално, бескрупулозно и неодговорно, што доведе до низа незаконски дејствија, скандали и кадровски префрлувања во МУП-от. ја поднесуваа интерпелацијата.