– Според проценките на Центарот за слободни избори и демократија ЦЕСИД/ИПСОС, врз основа на 100 отсто од обработениот примерок во Белград, најмногу мандати, 64, освои листата на Српската напредна партија (СНС) заедно со коалициските партнери од „Белград утре“ за кои гласаа 52,9 отсто од гласачите.
Следува листата „Тргни, промени“ која освои 21 мандат и 17,4 отсто од гласовите, додека на третото место е листата „Го бираме Белград“ со 12,2 отсто од гласовите и 14 мандати. На четврто место е листата „Ние сме силата на народот“ со девет мандати и 8,1 отсто од гласовите, додека Руската партија освои 1,2 отсто од гласовите и два мандата.
Според проекцијата на Цезид и ИПСОС за распределба на мандатите за советници на Градот Ниш врз 100 отсто обработен примерок, листата „Александар Вучиќ – Ниш утре“ има 29 советници.
Според оваа проекција, Граѓанската група „Д-р Драган Милиќ“ има 16, Го бираме Ниш – Ѓорѓе Станковиќ 10, Обединети – Надеж за Ниш – Миодраг Станковиќ – Нова има три, д-р Саво Манојловиќ – И јас сум Ниш – Тргни промени два , а листата на Руската партија – Русија и Ниш во срцето! – Тихомир Периќ еден советник.
Без мандат се листите Ниш наш град – Бранислав Бане Јовановиќ – Ново, Гласот на народот е силата на народот, Обединети за селото и градот – Да бидеме начисто, За нашиот Ниш – Петар Богиќевиќ – Коалиција на силата и Бојан Аврамовиќ – Не го даваме Ниш.
Врз основа на 100 отсто обработен примерок во Нови Сад, најмногу мандати, 46, освоила листата „Нови САД утре“, со 53,1 отсто од гласовите.
Следува листата „Обединети за слободен Нови Сад“ која освои 20 мандати, со 24 отсто од гласовите, додека на третото место е листата „Тргни, промени“ со осум мандати и 9,7 отсто од гласовите.
На четврто место е листата „Херои – Миша Бачулов“ со три мандати и 3,8 отсто од гласовите, додека листата СВМ предводена од Балинт Пастор освои еден мандат и 1,2 отсто од гласовите.