ЛОША ВЕСТ ЗА ИЛОН МАСК – Најмоќната ракета во историјата исчезна во Вселената

Илон Маск денес по втор пат го лансираше својот „Starship“, најголемата и најмоќната ракета на светот, јавува BBC. Ракетата летала околу 10 минути, откако корпорацијата SpaceX објави дека контактот е изгубен, а тогаш беше прекинат и директниот пренос во живо на Интернет.

Ракетата „Starship“ полета од Тексас, лансирана од рампата на компанијата Starbase на Илон Маск во Бока Чика, Тексас. Требаше да лета 90 минути во вселената, но контактот беше изгубен десет минути по полетувањето.

Ракетата и вселенското летало безбедно се кренаа од платформата. Моторниот дел и леталото успешно се разделија. Ѕвездениот брод потоа ги вклучи своите мотори, но тоа резултирало со уништување на посебен ракетен систем, кој изгорел над Мексиканскиот залив. Ѕвездениот брод сепак можел да го продолжи своето патување, но, неколку минути подоцна – сигналот исчезна. 

SpaceX набрзо потврдија на нивниот пренос во живо дека биле принудени да иницираат самоуништување на Starship.

Starship

Првиот обид за лансирање, во април оваа година, заврши со спектакуларна несреќа. Starship потоа изгуби контрола и експолдираше четири минути по полетувањето.

Овој пат, пред да исчезне сигналот, ракетата сепак стигнала во вселената. Инженерите во SpaceX – компанијата на Илон Маск – велат дека направиле „повеќе од илјада“ промени во системите на „Starship“ по првиот неуспешен обид.

Илон Маск

Губењето на ракета нормално би се сметало за проблематично, но SpaceX има поинаква филозофија.

Така, SpaceX тврди дека денешното губење на контакт со ракетата не е нужно лоша вест. Компанијата на Илон Маск ја уверува јавноста дека експлозиите во раните фази на развојот на ракетите се добредојдени и всушност помагаат да се донесат одлуки за дизајн побрзо од тестирањето на земјата.

SpaceX ќе ги анализира сите податоци што ги собрале денес, ќе откријат што тргнало наопаку, а потоа ќе се обидат повторно.

Starship
ВселенаИлон Маскракета