Продажбата на алкохолни пијалоци на спортски арени на Олимписките игри во Париз 2024 година ќе биде строго забрането, а консумирањето алкохол ќе биде дозволено само во ВИП зоните, соопштија организаторите.
„Во согласност со Законот, продажбата на алкохол на пошироката јавност за време на ОИ во Париз ќе биде забранета“, изјавија од организацискиот комитет за France Press.
Одлуката произлегува од Законот, кој повеќе од 32 години забранува консумирање алкохол на стадионите и спортските терени, но кој вклучува и исклучоци.
Законот им дозволува на организаторите да бараат до 10 исклучоци годишно и по општина, а Олимписките игри немаат право на такво ослободување, бидејќи „во текот на 15-те натпреварувачки дена ќе се организираат повеќе од 700 натпреварувачки сесии, прецизираат организаторите.
Друг исклучок е францускиот закон кој дозволува консумирање алкохол во ВИП области.