ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ГЕРМАНИЈА – Економијата тоне се подлабоко и подлабоко: Што се случува !?

Германскиот бруто домашен производ најверојатно ќе продолжи да се намалува во третиот квартал, а ќе се зголеми само малку во четвртиот квартал, според неименувани извори кои имале увид во ревидираната владина прогноза, пишува угледниот економски магазин Bloomberg.

Наместо раст од 0,4 отсто за оваа година, како што беше предвидено на крајот на април, Владата ги намали очекувањата на 0,3 отсто, пишува Bloomberg.

Министерството за економија на Германија треба да ги објави есенските прогнози на 11. октомври, а конечните бројки може да се променат, во зависност од развојот на настаните во наредните недели.

Портпаролот на Министерството за економија на Германија одбил да ги коментира овие наводи за Bloomberg.

ММФ во јули објави дека очекува германскиот БДП да се намали за 0,3 отсто оваа година, што ќе ја направи Германија единствената земја од Г-7 која ќе доживее економски пад. ММФ очекува раст на пошироката еврозона од 0,9 отсто, на Велика Британија од 0,4 отсто и на САД од 1,8 отсто.

Во понеделникот, Германија објави ажурирани прогнози за оваа година, кои предвидуваа намалување од 0,4 отсто.

Факторите кои ја кочат германската економија се послабата побарувачка за стоки од Кина, недостигот на квалификувана работна сила и долгорочните ефекти од енергетската криза, во комбинација со инфлацијата што ја намалува домашната побарувачка.

Тековните економски показатели се уште не укажуваат на одржливо закрепнување во наредните месеци“, констатира Министерството за економија на Германија, додавајќи дека економскиот развој веројатно ќе остане многу слаб и во третиот квартал.

Германија ќе заостане оваа година, но најверојатно ќе почне да закрепнува следната година, велат анонимните извори. ММФ очекува Германија да доживее експанзија од 1,3 отсто во 2024 година.

За време на средбата со странските новинари во Берлин, германскиот канцелар Олаф Шолц изјавил дека е уверен оти германската економија наскоро ќе почне да расте. Сепак, во интервју за Bloomberg што го даде во јануари, тој беше сигурен дека Германија годинава ќе избегне рецесија.

Германија за многу кратко време ќе покаже дека е можно да се биде економски успешна и да се остане извозно ориентирана индустриска земја, која тргува со целиот свет“, смета Олаф Шолц.

Германијаекономијаполитика