Лоши вести од Германија: “Економските изгледи за втората половина од годината се многу мрачни!“

Чувството на германските инвеститори се влоши во јули поради повисоките каматни стапки и слабата извозна побарувачка, покажа во вторникот редовното месечно истражување на институтот за економски истражувања ZEW.

Во јули, во споредба со претходниот месец, индексот на атмосферата на ZEW кај инвеститорите во најголемата европска економија потона за 6,2 поени, на минус 14,7 поени.

Клучните причини за негативните изгледи се повисоките краткорочни каматни стапки во еврозоната и САД и слабите извозни пазари како Кина“, изјави претседателот на ZEWАхим Вамбах.

Експертите на финансискиот пазар предвидуваат дополнително влошување на економската состојба до крајот на годината“, додаде Ахим Вамбах.

Економските изгледи за втората половина од годината се уште помрачни“, резимираше во вторникот високиот економист, Ралф Умлауф, коментирајќи ги показателите.

Индексот на ZEW за оценка на моменталната состојба во германската економија падна во јули за три поени во однос на јуни, на минус 59,5 поени.

Германската економија падна во рецесија на почетокот на 2023 година, бидејќи потрошувачката на домаќинствата, клучен мотор на растот, беше притисната од високата инфлација.

Растот на цените повторно благо забрза во јуни, на 6,4 отсто, од 6,1 отсто во претходниот месец, потврди во вторникот заводот за статистика Destatis, истакнувајќи го континуираното силно зголемување на цените на храната и укинувањето на месечниот билет за јавен превоз кој беше претставен минатото лето..

Германијаекономија