Пејачката Грајмс го тужи поранешниот партнер Илон Маск за прашања поврзани со нивните три деца.
Канадската пејачка поднела петиција за воспоставување родителска врскана 29. септември пред судот во Калифорнија, покажуваат судските записи добиени од страна на магазинот Page Six.
Барањето има за цел судот да ги идентификува законските родители на детето кои не се во брак. Иако документот е јавен, тој сè уште е запечатен; сепак, се чини дека милијардерот не одговорил на нејзиното барање.
Грајмс допрва треба да побара издршка или старателство.
Грајмс (35 г.) и Илон Маск (52 г.) почнаа да се забавуваат во 2018 година и беа во врска до септември 2021 година, кога засекогаш се разделија. Пејачката го роди нивното прво дете, синот XА А-X, во мај 2020 година, а поранешната двојка ја пречека ќерката Ека Дарк Сидерел, познат како AI, преку сурогат во декември 2021 година.
Во септември 2023 година, биографијата на новинарот Волтер Ајзаксон „Илон Маск“ откри дека основачот на SpaceX и Грајмс тајно имале трето дете, момче по име Техно Механикус, кое со љубов го нарекле Tau.
Како понатаму ќе се развива случајот, останува да видиме, бидејќи Грајмс веќе побарала од Илон Маск да и дозволи да ги види децата, но тој одбил…