‘ЛУДИЛОТО’ ПРОДОЛЖУВА – НОВ МАСАКАР ВО СРБИЈА! Млад човек од автомобил уби најмалку две лица а рани седумина меѓу кои и деца – полицијата го гони

Лудилото во соседна Србија продолжува. Две лица го загубија животот, а најмалку седум се ранети во престрелката што се случи доцна вечерва во селото Дубона, во областа Младеновац кај Белград, јавуваат српските медиуми. 

Како што пишуваат српските медиуми екипи на Итната помош и полиција се на местото на инцидентот. Како што неофицијално дознава српската телевизија Пинк, пукотниците биле испукани од возило во движење со автоматска пушка калашников. Според првичните објавени информации напаѓачот наводно не ги избирал своите жртви.

Набрзо потоа беше објавено дека по младиот Урош Блажиќ (21 г.) е распишана потерница, откако ги испукал истрелите и побегнал со автомобил марка Mercedes-Benz. Blic.rs пишува дека биле ангажирани сите сили – „се во униформа“ да се движат кон Младеновац и Мали Пожаревац, бидејќи напаѓачот наводно бегал во правец на градот Ниш.

Подоцна како што неофицијално дознава и објави весникот Вечерње новости, при пукањето во Младеновац загинал припадник на Министерството за внатрешни работи на Србија и неговата сестра. Според првичните информации седум лица се ранети, меѓу кои и деца.

За повеќе информации наскоро.

БелградсмртСрбијаубиство