Засега не важи за голем талент, но сепак успеа да го облече дресот на Барселона и да одигра одлично на своето деби. Ако е макар малку како тато Роналдињо…
Додека Барселона го брка Меси и сака да го врати во клубот, навивачите се веќе возбудени бидејќи пристигна младиот 18-годишен Бразилец Жоао Мендеш. А причината за нивното воодушевување е едноставна, овој млад човек е син на Роналдињо!
Синот на славниот Бразилец, кој на Барса и донесе две титули, два купа и Лигата на шампионите, претходно настапуваше за Крузеиро , но го раскина договорот со тој клуб и дојде да го испроба младинскиот тим на Барселона. Сега дебитираше за У19 тимот на клубот од Каталонија. а навивачите беа воодушевени.
Клубот на социјалните мрежи објави видео од неговите најдобри потези, кое веќе собра над 15.000.000 прегледи, а сите се надеваат дека младиот Жоао има барем малку од талентот на својот татко. Роналдињо со години работи во Барселона како клупски амбасадор, а на Ноу Камп играше од 2003 до 2008 година. Погледнете го неговиот син во акција: