Кошаркарот на Баерн Минхен, Кори Валден, го привлече вниманието на себе поради неговиот неверојатен потег.
Имено, на еден тренинг на тимот од Минхен, Валден си ја испроба среќата од прес-ложата на трибините, па успеа да постигне кош од голема далечина.
Баерн Минхен веднаш се пофали со мајсторијата на Валден на социјалните мрежи, а навивачите кои го погледнаа ова видео останаа воодушевени.
„Замислете да го погодувате кошот од прес-ложата“, пишува во краткиот опис под објавеното видео на социјалната мрежа Инстаграм.