Принцот Хари се надева дека ќе ги интервјуира Владимир Путин, Доналд Трамп и Марк Цукерберг за нивното воспитување и детските трауми, а ова го откри во неговиот подкаст, кој требаше да се емитува на Spotify, пишува Daily Mail.
Принцот Хари разговарал за своите идеи за можни шоуа со повеќе продуценти и продуцентски куќи и им рекол дека сака да разговара со контроверзните личности за нивното детство и да дознае како станале мажи какви што се денес.
Тој, исто така, наводно сакал да разговара со папата Франциско за религијата, пишува Bloomberg.
Оваа информација излезе на виделина откако Хари, кој нема комплетирано ниту еден соло подкаст, и неговата сопруга Меган Маркл го поништија т.е. раскинаа договорот со договорот со Spotify вреден 15 милиони фунти.
Стриминг гигантот и компанијата за аудио продукција Archewell Audio во сопственост на Сасекс објавија заедничка изјава во која велат дека – „заемно се согласиле да се разделат и се горди на шоуто што го направиле заедно“.
А, деновиве не недостигаа шокантни обвинувања против Меган Маркл и принцот Хари… Прво Меган Маркл беше обвинета од странските медиуми за лажирање интервјуа, потоа извршниот директор на Spotify, Бил Симонс, ги нарече „измамници“ и сега се појавија интересни изјави од принцот Хари.
Принцот Хари, за кој извори тврдеа претходно овој месец ќе престане да дава интервјуа напаѓајќи го кралското семејство затоа што тој и Меган Маркл „немаат што да кажат“, исто така планираше да направи емисија која ќе ја покрива темата на татковството.
Тој, исто така, ја даде идејата за епизоди кои покриваат важни општествени теми како климатските промени и религијата. Тој дури размислуваше да го интервјуира папата Франциско.
Гласините велат дека неговиот тим за подкаст изразил сомнеж за практичноста на ваквите интервјуа, особено ако се има предвид дека луѓето како Владимир Путин и Марк Цукерберг не се тие што зборуваат за нивните трауми од детството.
За жал за Хари, тригодишниот договор на Сасекс со Spotify пропадна без ниту една од идеите на принцот да се реализира. Меган Маркл, за која новите анкети покажуваат дека е понепопуларна од кога било, го откажа својот подкаст бидејќи Spotify почнува да ги менува своите услови.
За потсетување, Меган Маркл и Хари, наводно, потпишале договор од 20 милиони долари со Spotify за проектот на крајот на 2020 година, но оние блиски до стриминг гигантот тврдат дека кралската двојка не ја исполнила продуктивноста потребна за да ја добие целосната исплата, објави Street Journal.