Американската пејачка Тејлор Свифт моментално е една од најпознатите ѕвезди во светот, а нејзините обожаватели ја следат на секој чекор. Ниту деталите од нејзината врска со фудбалерот Тревис Келче не можат да останат незабележани. Сега двојката повторно ја разгоре дебатата меѓу нивните верни обожаватели, од кои некои веруваат дека Тејлор и Тревис се венчале тајно, пишува Мирор.
Како што тврдат некои, тие биле откриени со детал во клупскиот апартман на Тревис во Канзас Сити Чифс на стадионот Ероухед. Еден фан на клубот сподели фотографија од станот каде можеше да се види фотографија на Свифт на настап во рамки на турнејата „Ерас“. “Тејлор седи овде! Исто така, фактот што постерот од турнејата Ерас седи овде е многу смешен”, напиша тој, а набрзо почнаа шпекулациите дека парот се венчал.
„Жал ми е, но овие двајца се во брак. Никогаш нема да го објават тоа и тотално не мора. Веројатно ќе ни кажат на новиот албум, но вака прават женетите“, беше еден од коментарите. „Тејлор и Тревис веќе мора да се венчани“, пишува друг.
Сепак, имаше и такви кои не се согласуваа со тоа. „Нема докази што укажуваат на тоа дека Тревис Келче и Тејлор Свифт се во брак. Шпекулациите веројатно потекнуваат од обожавателите кои забележале нов детал во апартманот на Келче на стадионот „Ароухед“, но тоа не ја потврдува врската меѓу двајцата“, напишал еден корисник на X.
Инаку, Келче и Свифт се во врска од минатата година, а на почетокот тоа го криеја.