Луис Фиго ги „нападна“ навивачите на Барселона и предизвика бура: Дури и по 25 години, тие сè уште не му простиле

Дури и 25 години по трансферот, навивачите на Барселона не му простија на Луис Фиго за преселбата во Реал Мадрид, а тој тоа го почувствува од прва рака кога синоќа се појави меѓу навивачите на каталонскиот клуб.

Фиго го гледаше поразот на Барселона од Пари Сен Жермен во живо од ВИП ложата. Парижаните покажаа зошто се европски шампиони, бидејќи направија пресврт и ја победија Барселона и покрај фактот дека играа без најголемите ѕвезди во напаѓачкиот дел од тимот.

Во пресрет на големиот натпревар на стадионот „Олимпико“, некогашната голема ѕвезда на светскиот фудбал се појави во ВИП ложата. Сепак, влегувањето на Фиго на трибините покажа дека навивачите никогаш не му простиле што се преселил во Реал Мадрид, и никогаш нема да му простат.

Следеа серија жестоки свирежи, а потоа целиот стадион отпеа навредлива песна:

„Тој Португалец, ку..а“, беше пораката што одекна од Олимпико.

Новинарката Лаја Червело Хереро, која била на местото на настанот, изјавила дека навредите биле „глушувачки“ и се повторувале на секои пет минути, упатени кон познатиот португалски фудбалер.

Иако Фиго беше клучна фигура за Барселона во текот на петте години во кои имаше 249 настапи, тој ги „изгоре“ сите врски со клубот со преселбата во Реал Мадрид во јули 2000 година. Тој трансфер се сметаше за најголемо предавство во историјата на фудбалот.

Во неговиот прв натпревар на „Камп Ноу“ како играч на Реал Мадрид во ноември 2002 година, тој беше пречекан со сличен прием од домашните навивачи, при што еден навивач фрли свинска глава кон него.