Луис Хамилтон законски го менува името, се знае како сега ќе се вика (Фото)

Легендарниот британски возач Луис Хамилтон (Луис) со големи промени ќе влезе во својата 19-та сезона во Формула 1.

Покрај возењето со болидот на Ферари, Хамилтон новата сезона ќе ја дочека и со ново име. Уште во 2022 година, тој изјави дека сака на своето име да го додаде презимето на неговата мајка – Ларбалестиер.

Таа промена би значела многу за моето семејство, особено за мајка ми и за мене. Никогаш не сум го разбрал концептот жена да го изгуби презимето со мажење за маж, па вака сакам да ја покажам мојата почит кон мајка ми.

Мајка ми е посебна и сакам нејзиното име да продолжи низ мојата лоза. Сакам таа да биде дел од моето наследство на тој начин“, изјави Хамилтон.

Британецот на тој начин легално или официјално ќе го промени своето име.