Лукаревска: Истрагата за кочанската трагедија е селективна

„По трагедијата од 16 март во Кочани, досегашниот тек на истрагите покажува селективност и нетранспарентност. Семејствата во Кочани и граѓаните заслужуваат одговор. Но, наместо тоа, имаме селективна истрага, која понекогаш се спроведува на бомбастичен начин“, вели пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во интервју на Телма.

Таа вели дека по ваква трагедија никој нема право да се оправдува или да прави избор.

„Меѓутоа, сега гледаме селективна истрага. Додека претходниот министер за економија е во притвор, сегашниот тврди дека не знае за обврските и овластувањата, велејќи: „Јас немам врска со ова и со лиценците“. Ништо не слушнавме дека полицајците се принудени да прават ризичен план, едноставно гледаме дека има суспензија На јавноста и требаат одговори и овој процес мора да биде транспарентен Граѓаните и семејствата во Кочани заслужуваат да имаат одговори за трагедијата.

Љукаревска се осврна и на формирањето на истражна комисија која треба навремено да почне со работа, но да не биде замена за истрагата.

„Истрагата за кочанската трагедија мора да покаже веродостојни резултати. Истражната комисија не смее да ја замени истрагата на МВР и Основното јавно обвинителство и не смее да биде мост за добивање слободни политички поени“, рече Лукаревска.