Пратеничката од редовите на СДСМ, Сања Лукаревска, на својот профил на Фејсбук реагираше на гласањето за законските измени за новите министерства, откако пратеници на ДУИ гласаа за Законот.
„Во петок, во длабока ноќ, во име на „новата“ коалиција се поделија кексите, гурабиите и млекото. Повеќе, наспроти ветеното помалку. На гордоста и нема крај“, објави Лукаревска.