Лукашенко го назначи Максим Риженков за министер за надворешни работи на Белорусија

 Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска донесе голем број одлуки за именувања на високи позиции, меѓу кои е и назначувањето на Максим Риженков за министер за надворешни работи на таа земја.

Риженков претходно беше прв заменик-шеф на администрацијата на претседателот на Белорусија, јавија белоруските медиуми.

Претседателот на Белорусија го назначи Дмитриј Крутој за шеф на неговата администрација, а Наталија Пјаткевич за прв заменик.