Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко од 28 февруари до 2 март ќе престојува во официјална посета на Кина, соопшти Кабинетот на претседателот на Белорусија.
Лукашенко ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг, а главни теми на разговор ќе бидат развојот на трговската, економската, инвестициската и хуманитарната соработка, реализацијата на заеднички проекти, соработката во политичката сфера и одговор на актуелните меѓународни предизвици.
Се очекува по разговорите да бидат потпишани голем број документи за развојот на односите во клучните области, јавија локалните медиуми.
Посетата е на покана на кинескиот претседател.