Лука Модриќ го нарекуваат крал на недвижностите, купил уште три луксузни апартмани во Мадрид

Легендарниот хрватски репрезентативец Лука Модриќ е на залезот на својата богата фудбалска кариера и актуелната сезона во дресот на Реал Мадрид треба да му биде последна, а одамна се посвети на работи кои не се поврзани со фудбалот.

Модриќ очигледно многу добро размислува за својата иднина, па решил да инвестира во недвижнини, а хрватските медиуми веќе го нарекуваат „крал на недвижностите“ по неговиот последен потег.

Имено, Модриќ решил да купи уште три луксузни апартмани во околината на кампот на Реал Валдебеваса, а за секој обезбедил паркинг место, пишува 24сата.хр.

Така само ја збогати својата колекција на недвижности која почна да ја гради пред неколку години, кога стана сопственик и на агенцијата за недвижности „Modric Family SL“.

Тој инвестираше уште шест милиони евра за купување на три стана во Мадрид, а Модриќ гради и свој хотел на земјиште кое се простира на 941 квадратен метар.

Тоа земјиште го купил пред две години и се работи на изградбата на хотелот. Компанијата за недвижности на Модриќ на крајот на 2022 година имала имот во вредност од 14,7 милиони евра, а повеќе од половина од таа сума е за долгорочни средства кои ќе се користат долго време.

Како застапник на компанијата се јавува сопругата на Модриќ Вања, а вреди да се напомене дека неодамна купиле луксузен имот во Загреб од 220 метри квадратни. Станува збор за стан на врвот на нова зграда на улица Ткалчиќева.