Лиза со радост го дочека доаѓањето на синот, верувајќи дека бременоста ќе помине без компликации. Се изгледало совршено до ултразвучниот преглед, кога дознала дека нејзиното дете го чека тешка борба за живот.
Лиза Кофи (23), мајка на малиот Лук, помина низ емотивно патување пред нејзиниот син воопшто да ја види светлината на денот. Кога ќе го видите неговото ангелско лице, тешко е да се замисли дека неговата борба за живот започнала пред да се роди.
Според зборовите на неговата мајка, Лука бил „роден“ два пати.
Имено, за време на бременоста , лекарите направиле ретка операција поради спина бифида – и го отвориле стомакот, го извадиле Лука, ја извршиле операцијата, а потоа го вратиле во матката. Лука конечно се роди во 38-та недела од бременоста.
Иако почетокот на бременоста бил нормален, на крајот дознале за страшната дијагноза каде веднаш морале да интервенираат лекарите.
@lisaacoffee To the boy that made me a mum🤍🫶🏼 this was supposed to post mothers day 🤍
♬ A Thousand Years – Instrumental – Bluewater Kings Band
Што е спина бифида?
Спина бифида е вроден дефект кој вклучува расцеп во ‘рбетот и нецелосно затворање на’ рбетниот мозок. Оваа аномалија може да има различни форми – од благи до тешки и често доведува до сериозни проблеми како што се парализа на мускулите, губење на чувствителноста, инфекции, губење на контрола над екстремитетите и сфинктерите, па дури и до когнитивни проблеми.
@lisaacoffee Beating all the odds of having Spina Bifida. Hopefully he will be walking soon🥰 we are so proud with how far he has come! Our little warrior🩵 I am more than happy to chat to anyone who is ongoing surgery for their SB baby or just a chat in general about anything we have faced with Luca as I know how scary it can be and how overwhelming it is🩵 🎗️#spinabifidawarrior🎗 #spinabifida #learningtowalk #progress ♬ Step by Step – Whitney Houston
– Тоа беше емотивно патување за моето семејство, но на крајот сето тоа се исплатеше. Горда сум на Лука и благодарна што операцијата му даде шанса еден ден да прооди, се надевам – рекла Лиза.
Иако лекарите предвидуваа дека ќе заостане зад своите врсници, Лука ги пркоси очекувањата. Благодарение на физиотерапијата покажува напредок и дава надеж за посветла иднина.
Лука носи лузна на грбот како потсетување на операцијата, а исто така се справува и со „киари малформација“, состојба во која дел од мозокот се протега во ‘рбетниот канал.