ЛУКА ЈОВИЌ ДОБИ ПЕКОЛНА КОНКУРЕНЦИЈА! Милан донесе напаѓач за 35 милиони евра!(Фото)

Лука Јовиќ најверојатно ќе остане во Милано да се бори за минутажа, иако на почетокот изгледаше поинаку, а токму кога го подобри односот со тренерот Консеикао, Росонерите покажаа дека тој сепак е нивна резервна опција.

Имено, Милан одвои 35 милиони евра за трансфер на Сантијаго Хименез, кој ќе ја зголеми конкуренцијата во нападот.

View this post on Instagram

A post shared by Fabrizio Romano (@fabriziorom)

Хименез постигна седум гола на 11 натпревари во Ередивизија за Фенорд, додека минатата година беше уште подобар, завршувајќи со 23 гола во 30 натпревари со шест асистенции.

Сакаше само во Милано, а желбата му се исполни…