Покојниот легендарен кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ бил особено приврзан за неговата вила во Истра каде планирал да ја помине староста. Во овој имот сега ужива неговиот син Алекса со сопругата Николина и нивната ќерка, пишува Blic.rs. Величенствениот имот со куќа се проценува на околу милион евра, а околу имотот нема други куќи, ниту пак соседи.
Сето ова не ја намалува впечатливоста на оваа оаза на мирот, во дворот има дрвја, додека куќата е изградена од најквалитетни материјали. Алекса и неговата избраничка Николина минатата година ја добија ќерката Вера, тие се големи верници, а девојчето го крсти патријархот Порфирије.
„Се појави кога ми беше најпотребна, едноставно ме исполни со сета нејзина добрина и поглед кон светот. Како девојка со која ја добив секоја битка, ја исполнив секоја молитва и желба, го помирив секој непријател“, истакна Алекса, кому 2022 година му донесе радост, брак и дете.
„Колку што 2021 година започна најлошо за мене, таа заврши најдобро – кога дознав дека ќе станам татко. Минатата година е божја година за мене, но се молам и се надевам дека секоја наредна година ќе биде уште подобра и посилна, со вера и надеж. Моето небесно дете пристигна, донесе неопислива сила и желба да живее во мене. Слава на Господ, слава на Небесата, колку Вера не израдува и воздигна“, изјави претходно Алекса за Blic.rs.