Семејството на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо ужива во незамисливото богатство кое славниот фудбалски ас го стекна во текот на неговата импресивна кариера.
Избраничката на фудбалерот на Ал Наср, Џеоргина Родригез не крие дека го обожава луксузниот живот и секојдневно се фали со тоа на социјалните мрежи.
Луксузни патувања, приватни авиони, скапа облека и накит кој го одзема здивот – Џеоргина Родригез со години живее како кралица благодарение на својот дарежлив сопруг.
Во нејзината импресивна колекција додатоци вредни неколку милиони евра, има еден посебен часовник кој често може да се забележи на нејзиниот зглоб. Станува збор за најскапиот модел на Rolex досега направен Rolex GMT Master II series вреден неверојатни 550 илјади евра.
Овој модел е произведен во 18 каратно бело злато со дијаманти од сите страни за вкупна тежина од 30 карати.
Луксузниот часовник во неколку наврати е виден на раката на Кристијано Роналдо и наследникот на Кристијано Јуниор, што најверојатно значи дека поседуваат три такви модели. Само од платата во Ал Наср, Кристијано Роналдо буквално заработува секој ден за еден ваков часовник.