Лушпите од лук нема никогаш повеќе да ги фрлите: Нашите баби знаеја што прават

Лукот во секоја смисла е една од најздравите намирници што можете да ги внесете во вашето тело. Но, никако не ја фрлајте и лушпата. Повеќето луѓе едноставно ги фрлаат лушпите откако ќе го излупат лукот, не мислејќи дека тие всушност можат да бидат корисни. И тоа, ни помалку ни повеќе, туку за супа.

Едноставно додадете ги со останатите состојки за супата и варете. Извадете ги додека ја процедувате супата. Ако се плашите од прејак вкус, додадете само до две лушпи, а ако сакате силен вкус на лук, можете да ставите цел грст.

Можете исто така да готвите супа само од кора од лук. Готова е за 10-15 минути откако водата ќе почне да врие. Течноста што ја добивате на овој начин можете да ја искористите и за готвење ориз или додавање во разни сосови, а можете да ја јадете веднаш како супа, со додавање на јуфки или кнедли по желба.

Откако ќе ги исчистите лушпите од лукот, не ги фрлајте, туку ставете ги во кеса и искористете ги. Фрлете ги само оние парчиња што се валкани.

Кората од лук е богата со фенилпропаноиди, кои се полни со антиоксиданси. Затоа е одлична за имунитет и има антиканцерогени својства. Многу експерти се согласуваат дека лушпата има повеќе вредни материи од самиот лук.

Богата е и со специфични флавоноли кои го намалуваат крвниот притисок и спречуваат таложење во артериите. Содржи и многу влакна. Сите овие состојки се одлични за здравјето на срцето, дигестивни проблеми и намалување на холестеролот и некои видови на рак.

Но, ако користите лушпа од лук, внимавајте да е органска, бидејќи во спротивно ќе внесете пестициди во вашата исхрана.

Други идеи за користење лушпи од лук

-Ставете ги во замрзнувач и употребете ги за гулаш, грав, супи од зеленчук и чорби од месо.
Искористете ги за компост.

-Кората од лукот е полна со фенилпропаноиди кои се полни со антиоксиданси и затоа е добра да се јаде. Додадете цели чешниња за време на готвењето и изедете ги, предлагаат експертите. Можете да ги печете со компири и месо или да ги додадете во варива како грав.

-За чај: ставете лушпи од лук во лажиче-топче и потопете ги во врела вода. Оставете неколку минути.

-Испечете неизлупен лук и додадете го во јадења. Целите глави лук, откако ќе ги отстраните првите валкани слоеви од лушпата, завиткајте ги во алуминиумска фолија и печете во рерна околу 40 минути на 180 степени. Можете да го чувате печен во фрижидер до седум дена или во замрзнувач до шест недели.