Филмот „Poor things“ ги воодушеви критичарите, а поради жешките сцени на Ема Стоун луѓето ја напуштија премиерата во Венеција!
Актерката Ема Стоун може да се надева на Оскар по премиерата на филмот „Poor things“, сметаат филмските критичари.
Реализацијата на „Poor Things“ наиде на осумминутни овации на премиерата во Венеција во петокот вечерта. Приказната инспирирана од Франкенштајн, во режија на Јоргос Лантимос, ја воодушеви публиката и критичарите.
Во филмот има многу „незгодни“ сцени, вклучително и експлицитни сцени на интимни врски. Ппсебно се зборува за едно, кога Ема Стоун се задоволува со користење на јаболко?!
,,Извонредна приказна за полнолетството, а Ема е неверојатна и заслужува номинација за Оскар. Сепак, неколкумина го напуштија театарот шокирани од експлицитните сцени“, напиша критичарот на „Варајети“ Клејтон Дејвис.
Сепак, ниту еден од главните актери не се појави на премиерата, ниту прошета на црвениот тепих во Венеција. Оскаровката Ема Стоун, како и актерите Марк Руфало и Вилем Дефо, не дојдоа во Италија поради штрајкот на холивудските сценаристи и актери.