Ева Лонгорија предизвика бура од реакции во јавноста откако папараците го забележаа моментот во кој таа го бакнува својот седумгодишен син Сантијаго во уста.
На фотографиите што брзо се проширија на социјалните мрежи, познатата актерка ужива на плажа со својот син, но нивниот бакнеж во уста предизвика лавина од негативни коментари.
„Не велам дека не е добра мајка, но детето има седум години. Ова веќе не е слатко или соодветно“ ,
„Постои граница помеѓу родителската љубов и претерувањето. Ова беше непријатно за гледање“ ,
„Ова е одвратно“ , се само дел од коментарите.
Ева Лонгорија постојано нагласуваше колку многу ѝ значи мајчинството и колку е горда што го роди Сантијаго на 43 години. Тој често објавува семејни моменти и не крие колку ужива во секој ден поминат со него.
Сепак, оваа сцена од плажа отвори дискусија на социјалните мрежи, дали бакнежот во уста помеѓу мајка и син, особено на седумгодишна возраст, е сè уште знак на нежност или граница што не треба да се премине?
Да се потсетиме дека Дејвид Бекам имаше слична ситуација , кога беше остро критикуван во јавноста за сличен бакнеж со неговата ќерка Харпер, а тој мораше да се оправда дека тоа е „семеен израз на љубов“ за него.