Некои луѓе едноставно имаат неверојатен талент да се заљубуваат во оние кои не можат да им го дадат она што им треба. Без оглед на предупредувањата од другите или лошите искуства од минатото, тие упорно избираат партнери кои се емоционално недостапни, недоверливи или склони кон манипулации. Наместо да бараат стабилност и сигурност, тие ги привлекуваат предизвиците и илузијата дека љубовта ќе ја промени личноста што ја сакаат. Според астрологијата, таквите луѓе се родени под овие хороскопски знаци.
Риба
Рибите се непоправливи романтичари кои секогаш веруваат во најдоброто во луѓето, дури и кога реалноста им го покажува спротивното. Нивната чувствителна природа и силната емпатија често ги водат во врски каде даваат многу повеќе отколку што добиваат. Рибите ги идеализираат партнерите, ги игнорираат црвените знамиња и се убедуваат себеси дека личноста ќе се промени – само ако ја сакаат доволно. За жал, тоа често ги доведува до разочарување и емоционална болка.
Покрај тоа што се склони да избираат емоционално недостапни луѓе, Рибите тешко се откажуваат од минатите врски. Нивната носталгија и верувањето дека некои љубови се предодредени може да ги држат во токсични врски многу подолго отколку што треба. Дури и кога знаат дека нешто не е добро за нив, тешко се одлучуваат да раскинат, надевајќи се дека работите некако сами ќе се подобрат.
Вага
Вагите се знак кој ја сака љубовта повеќе од се, но токму оваа потреба за партнерска врска често ги води во погрешни врски. Нивната желба за хармонија и романса може да ги натера да останат во врска која не им носи среќа, само за да избегнат конфликт или осаменост. Наместо да поставуваат јасни граници и да ги заштитат своите емоции, Вагите често попуштаат и се обидуваат да се прилагодат на партнерот – дури и ако тоа значи занемарување на сопствените потреби.
Нивната тенденција да ги идеализираат врските понекогаш ги спречува да ги гледаат работите онакви какви што се. Често се обидуваат да ги „поправат“ проблематичните врски и да се убедат себеси дека работите ќе се променат, наместо да прифатат дека се со погрешна личност. Кога конечно ќе сфатат дека е време за крај, Вагите тешко се опоравуваат бидејќи се навикнати да го вложуваат целото свое срце во љубовните врски – дури и кога им носат повеќе тага отколку радост.